Улица на приказни

Acoustic Square Festival
December 19, 2016
Fantana di Malama
April 19, 2017
 

Некој од Центар, некој од Аеродром, Чаир, Карпош, Ченто......Секој со своја улична приказна, прва малска љубов, "терсене" комшија, прва запалена цигара или испиено пиво со другарите, маалски приказни, дел од животот на секој човек.. “Улица на Приказни” претставува уличен перформанс (спој на музика, танц и актерска игра) кој преку избор од најубавите македонски евергрини ги раскажува приказните кој сите ги имаме одживеано. Нашата група од шест момци и девојки ќе Ве натераат да застанете, да се разиграте и барем за момент да се вратите во времето кога хит била песната "223-305", кога девојките носеа црни високи чорапи и ретро фустанчиња со црни точки кои сечија мајка, баба или сестра сеуште ги чува во својот плакар на спомени. Ние ќе бидеме секаде околу Вас. Се појавуваме неочекувано и носиме радост и насмевки на случајните минувачи, ги развеселуваме соседите и пријателите, Ве потсетуваме на рефрени кои со задоволство ќе ги потпевнуваме заедно.. Ве очекуваме на локација: “Улица на Приказни” (Корзо, Ванила, Бутик, Кермес, Мусандра) каде ќе Ви раскажуваме за љубовта. Овој уличен мултимедијален перформанс е реализиран од Culnovation и Pikado Creative Collective и е дел од проектот „Улични музичари и артисти" поддржан од Град Скопје во организација на Конгресен центар Александар Македонски.