Отворен повик за “Youth Exchange” во Хрватска
April 29, 2018
Музечка нумера и нов видео запис од проектот “Подај рака на тој што те сака”.
February 23, 2019

Како дел од манифестацијата “Млади Европејци” (поддржана од Министерството за Култура на РМ) се приклучи и Culnovation со проектот “Подај рака – на тој што те сака” кој се одржа во просториите на Детскиот Културен Центар Карпош Скопје во периодот од 10 – 16 декември.


Во овој проект учествуваа талентирани деца од Скопје и Македонија, деца од секциите на Детскиот Културен Центар “Карпош” Скопје, Трисомија 21 – деца со Даунов синдром, Државниот училишен центар за образование и рехабилитација “Партенија Зографски”, ученици од VI-2 од ООУ “11 Октомври”- Центар и вокалните солисти Мања Митевска, Јелопи Седеу Нишевиќ и Неда Димкова.


Сите активности во рамките на проектот “Подај рака на тој што те сака” претставуваа интеракција, дружење, забава, солидарност, заедништво и беа конципирани како мали креативни работилници од области на ликовната и музичката уметност (воркшопови за гитара и пијано и секако вокална интерпретација).
Целта на овие работилници беше да им овозможи на младите преку примена на нивните таленти креативно да се изразат на тема “солидарност, заедништво и соработка. Како носечка порака на проектот беше изработена и изведена авторска композиција од страна на Арбен Бени Шаќири и Александар Митевски, која заедно со децата е снимена во професионално студио со Митевски како музички продуцент. Сите вклучени деца во еден заеднички креативен процес учествуваа во подготвувањето на оваа химна, свирењето на инструментите, како и хорското пеење.
Во рамките на овој проект се изработи и музичко-документарно видео кое ги опфати сите фази на проектот, со химната како музичка позадина. Како дел од манифестацијата “Млади Европејци”, оваа нумера ќе доживее своја промоција на одредени радио станици, ТВ емисии и портали.