“Подај рака – на тој што те сака”
January 23, 2019
Отворен повик за “Youth Exchange” во Хрватска – “Let’s Dance Together”
September 23, 2019

Како дел од манифестацијата “Млади Европејци” (поддржана од Министерството за Култура на РМ) се приклучи и Culnovation со проектот “Подај рака – на тој што те сака” кој се одржа во просториите на Детскиот Културен Центар Карпош Скопје во периодот од 10 – 16 декември.

“Подај рака – на тој што те сака” претставува музичко-документарно видео и химна на истоимениот проект кој беше дел од манифестацијата “Млади Европејци” (поддржана од Министерството за Култура на РМ). “Подај рака – на тој што те сака” е композиција создадена од Александар Митевски и Арбен Бени Шаќири, која произлезе од музичките работилници и талентираните деца кои зедоа учество во нив. Голема благодарност до учесниците кои беа дел и го поддржаа овој проект: Детскиот Културен Центар “Карпош” Скопје Трисомија 21 – деца со Даунов синдром Државниот училишен центар за образование и рехабилитација “Партенија Зографски” Ученици од VI-2 од ООУ “11 Октомври” – Центар Бобан Василевски – гитари Душко Ичев – клавијатури Вокални солисти: Мања Митевска, Јелопи Седеу Нишевиќ и Неда Димкова